Драма: Мартинели во 95. минута го однесе Бразил во осминафинале! (ВИДЕО)

Бразил со гол во последната минута од судиското продолжение на натпреварот ја победи Јапонија со 2-1 и се пласираше во следното елиминациско коло на Светското првенство.

Меч со исклучително драматична завршница одиграа Бразил и Јапонија кој го доби фаворитот и продолжува понатаму на Мундијалот.

Бразилците напаѓаа во текот на целиот меч, а Јапонија се закануваше од контра напади.

При еден таков напад во 29. минута Сано даде гол за водство на Јапонија од 1-0. Со тој резултат заврши и првото полувреме.

По десет минути игра во второто полувреме по асистенција од Габриел, Касемиро даде гол со глава за 1-1.

Кога се чинеше дека натпреварот ќе отиде во продолженија, Мартинели даде гол за победа на Бразил од 2-1.

Бразил во осминафиналето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Норвешка и Брегот на Слоновата Коска.