Африка е најдобриот континент на Светското првенство! (ФОТО)

Статистиката по групната фаза на Светското првенство дава еден интересен податок, африканскиот континент е најуспешен во овој дел од натпреварувањето.

Дури девет од десет африкански земји ја минаа групната фаза, тоа е 90 проценти на успешност.

Втори се Јужноамериканците кај кои останаа пет од шест екипи, процентуално тоа е 83 проценти.

Дури три европски земји испаднаа во групната фаза, понатаму поминаа 13 од 16 или 81 процент.

Секако дека африканските земји се далеку од фаворитите за највисок пласман на Светското првенство, но оваа статистика оди во прилог на сериозен прогрес на овие земји.