Најжешката навивачка на Хрватска испрати специјална порака до Роналдо: Те чекам(е) (ФОТО)

Најпознатата хрватска навивачка, Ивана Кнол, веднаш по победата на Хрватска над Гана (2-1) и пласманот во нокаут-фазата на Светското првенство испрати порака до Кристијано Роналдо.

Taa се огласи преку својот профил на Инстаграм, каде објави фотографија и кратка порака упатена до португалската суперѕвезда.

„Се враќаме во Торонто, Кристијано, подготви се за нас, ќе те чекаме“, напиша таа, додавајќи и емотикон со хрватското знаме.

Хрватска во шеснаесетфиналето ќе се сретне со Португалија, а натпреварот ќе се игра на 3 јули на стадионот „БМО Филд“ во Торонто. Станува збор за еден од најатрактивните дуели во првата нокаут-рунда на Светското првенство. Кнол и за време на натпреварот во Филаделфија беше во центарот на вниманието. Облечена во препознатлив стајлинг во црвено-белите хрватски бои, таа позираше со навивачите и го следеше натпреварот од трибините, а нејзината објава по победата брзо се прошири на социјалните мрежи.