Состави: Португалија има промени во составот, но Роналдо пак е стартер!

И покрај сите критики кои ги доби, Кристијано Роналдо е во стартниот тим за мечот против Узбекистан и ќе се обиде со погодоци да ги демантира критичарите.

Најважната промена во стартниот тим на Португалија е тоа што Жоао Феликс од првата минута ќе го почне натпреварот. Бернардо Силва е на клупата за резерви.

Една промена има и во одбраната, на местото од Араужо кој беше стартер против Конго, сега е Диаш.