Рафиња проговори за неговата повреда и шансите да заигра пак на Мундијалот!

Ѕвездата на Барселона, Рафиња, се повреди во вториот меч на Бразил на Светското првенство и нејасно е дали ќе се опорави навреме за да биде во комбинација и следните дуели.

Рафиња дефинитивно го пропушта последниот меч од групната фаза, дуелот против Шкотска, но во Базил се надеваат дека ќе го имаат за нокаут фазата.

„Ја сакам мојата земја, сакам да играм за репрезентацијата. Ќе го дадам најдоброто од мене за да се опоравам колку што е можно побро. Ќе останам со тимот, тоа е сигурно, ќе давам поддршка и ќе го дадам мојот придонес“, рече Рафиња.

И тој не знае кога и дали воопшто ќе биде здрав за да продолжи да игра на Мундијалот.