Португалците му свртеа грб на Роналдо - не го сакаат во тимот против Узбекистан!
Според анкета на португалскиот спортски весник „А Бола“, мнозинството читатели се изјасниле дека ветеранот не треба да се најде во стартниот состав на Португалија за вечерашниот дуел против Узбекистан (19 часот). Дебатата дополнително се разгоре по неубедливото реми против ДР Конго на стартот на СП 2026 и скромниот придонес на искусниот напаѓач. Во медиумите и меѓу навивачите сè погласни се барањата селекторот Роберто Мартинез да им даде поголема минутажа на помладите офанзивци, пред сè на Гонсало Рамош. Сепак, има и такви кои сметаат дека Роналдо и натаму е незаменлив поради искуството, лидерските квалитети и капитенската улога.
Единствениот погодок за Португалија против Конго го постигна Жоао Невеш, кој според гласањето на читателите бил најдобриот играч на тимот на тој натпревар. И покрај критиките кон Роналдо, селекторот Мартинез цврсто застана зад својот капитен.
„Мислам дека тој е играч на кој сите треба да се угледаат. Начинот на кој се подготвува, тренира и се опоравува е пример за сите. Тој знае да се фокусира на работите што може да ги контролира“, изјави Мартинез пред дуелот со Узбекистан.
Португалскиот предводник дополнително ја нагласи важноста на Роналдо за репрезентацијата.
„Ова му е шесто Светско првенство. Долги години ја претставува својата земја и постојано сака да напредува и да придонесува за тимот. Тој е вистински пример и модел за нашата репрезентација“, додаде Мартинез.