Тајната на Курасао: Секс пред натпреварите за подобар настап!

Репрезентацијата на Курасао е една од најсимпатичните на овој Мундијал, а сега пристигна и една интересна вест од таборот на оваа селекција.

Имено, оваа карипска држава која дебитира на Мундијалот досега одигра два натпревари во кои загуби од Германија со 7-1 и ремизираше со Еквадор 0-0.

Првиот бод за Курасао секако донесе огромна радост и се смета за голем успех во земјата, а една од причините за добриот настап на репрезентацијата можеби е одлуката на селекторот Дик Адвокат да им дозволи на фудбалерите да престојуваат во хотелот заедно со своите партнерки.

Ваквиот потег е изненадување бидејќи во модерниот фудбал пракса е секогаш фудбалерите самостојно да се сместени и да немаат контакт.

Но, кај Курасао тоа не е случај, а освен тоа докторот на селекцијата дури и им препорачал на фудбалерите да имаат секс пред натпреварите бидејќи тоа според него им помага емотивно.