Мартинез објасни зошто Роналдо ќе игра: Статистиката вели така
Според Мартинез реакциите во јавноста кога се игра на голем турнир се нормални.
„Пообединети сме и посилни. Играме на Светско првенство и нормално е да има многу коментари и тензија, тоа е дел од играта. Нашиот фокус е на тимот. Поврзани сме повеќе од кога било пред доаѓањето на турнирот“, изјави Мартинез.
Иако легендарниот напаѓач постигна пет гола во квалификациите, тој не се запиша во листата на стрелци на последните десет настапи на големите натпреварувања. Тимот е свесен дека се потребни подобрувања во нападот, а искусните играчи бараат брза реакција на теренот за да го спасат настапот на Мундијалот.
„Нема никакви тензии. Тој е пример и вистински капитен. Реагираше капитенски, со многу искуство. Сака да му помогне на тимот и е пример за сите наши играчи. Со своето движење отвора простор, а бројките го потврдуваат тоа“, додаде селекторот.
„Веројатно е најдобар пример како треба да се реагира и како треба да се тренира. Но, тоа не го намалува чувството на фрустрација кое сите го делиме како тим“, порача Мартинез.
Вториот натпревар на Мундијалот, Португалија го игра вечерва од 19:00 часот против селекцијата на Узбекистан.