Тиквеш се засили со младински репрезентативец на Македонија

Eкипата на Тиквеш го доведе второто засилување во овој преоден рок и тоа младинскиот репрезентативец Теодор Николовски.

Николовски во Кавадарци пристигнува од Работнички кој изминатата сезона испадна во Втора лига.

За 20-годишниот Николовски Тиквеш ќе биде трет клуб во Македонија откако претходно кратко го носеше и дресот на Осогово како позајмен фудбалер.

Изминатата сезона за дебермаалци во фудбалерот од средниот сред собра 26 настапи во Пвата лига и запиша три асистенции, додека во Купот на Македонија и двапати се запиша во листата на стрелци. За репрезентацијата до 21 година зад себе има девет натпревари.

Пред него Тиквеш потпиша со голманот Марко Алчевски.