Бразилскиот фудбал завиен во црно – брутално убиен поранешен голгетер!
Тој е една од жртвите во двојното убиство што се случило во текот на ноќта во населбата Вила Есперанса во градот Тубарао. Според информациите на бразилската воена полиција, вооружен напаѓач отворил оган во локално кафуле, при што покрај поранешниот фудбалер животот го загубил и Жоао Роберто, сопственик на локална продавница. Итните служби брзо пристигнале на местото на настанот, но лекарите можеле само да ја констатираат смртта на двајцата мажи. Трагичната вест ја потврди и регионалниот делегат на цивилната полиција Лукас Резенде, додека истрагата за мотивите и околностите на злосторството сè уште е во тек.
Бразао во текот на кариерата важеше за еден од најдобрите напаѓачи во регионалните натпреварувања во Бразил. Настапуваше за клубови како Атлетико Паранаенсе, Атлетико Гојаниенсе, Санта Круз и Тубарао, а најголемиот успех го оствари во 2010 година кога стана најдобар стрелец на шампионатот во државата Пернамбуко во дресот на Санта Круз. По завршувањето на играчката кариера остана поврзан со спортот, работејќи како телевизиски водител и фудбалски аналитичар на УниТВ.