Мурињо блокирал еден трансфер од Реал Мадрид!
Жозе Мурињо ова лето се врати на „Бернабеу“ и едне од условите беше тој да има поголем збор околу трансфер плановите на Реал Мадрид.
Медиумите од Шпанија сега пренесуваат дека „специјалниот“ решил да блокира еден трансфер.
Тренерот побарал од Флорентино Перез да не го продава Гонзало Гарсија, младиот напаѓач е на радарот на голем број клубови ширум Европа, како Реал Сосиедад, Бетис, Комо, Јувентус, Борусија Дортмунд, Арсенал и Њукасл.
Жозе Мурињо смета дека напаѓачот има потенцијал и квалитети што би можеле да бидат важни за неговите планови, па сака прво да го види на дело на подготовките и одблиску да процени дали Гонзало Гарсија има иднина во тимот, или е подобро да замине во потрага на минутажа.