Германците во Канада ги „тресеа“ како да се криминалци!

Фудбалските репрезентации во САД и Канада немаат топло добредојде, напротив, ги претресуваат како да се закана по овие две земји.

Наместо да ги олеснат протоколите за учесниците на Светското првенство кои во нивните земји пристигнале за да се натпреваруваат, да работат, а не да бидат туристи, властите во САД и Канада ги измачуваат репрезентациите.

Германија денеска во Канада игра против Брегот на Слоновата Коска, а при влегувањето во земјата, германските фудбалери беа тресени како да се криминалци, максимално детално.