„Ова Светско првенство е фијаско за фудбалот“

Германската фудбалска легенда Ули Хенес не штедеше зборови за форматот на Светското првенство оваа година и беше брутално искрен во интервју за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

„Според мене, ова Светско првенство е фијаско за фудбалот. Просечната цена на билетите за финалето е 2.000 долари? Каде одиме? Секогаш ја поддржував комерцијализацијата во фудбалот, но не во оваа екстремна форма. Не би ја поддржал со купување билети“, рече Хенес.

Почесниот претседател на Баерн додаде дека имал покана да престојува кај пријател во Флорида, но тој одбил. Неговата куќа е на околу пет минути од домот на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Апсолутно немав желба да одам на ова Светско првенство. Дури и да сакав, ќе го изгубев интересот поради локацијата и оддалеченоста од стадионот“, додаде тој.