Монтела: Судбината не беше на наша страна

Фудбалерите на Турција доживеаја големо разочарување и по два порази од Австралија и Парагвај го завршија настапот на Светското првенство.

Турција и во двата натпревари создаваше шанси и напаѓаше, но не постигна гол, па сега натпреварот со САД во последното коло ќе биде без резултатско значење затоа што Американците пак веќе обезбедија место во следната фаза.

Разочарувањето по мечот со Парагвај не го криеше и селекторот Винченцо Монтела.

„Многу сум разочаран. Имаше големи очекувања. Веќе 35 години сум во професионалниот фудбал, а работи што се случуваат еднаш на 50 натпревари, нам ни се случија на два меча по ред. Судбината не беше на наша страна. На моите фудбалери им реков: „Заминувајте со кренати глави, затоа што дадовте сѐ од себе“. Посилно од судбината нема ништо.“, изјави Монтела.