Мартинез може да има милионска корист од поддршката која му ја дава на Роналдо!
Дури и да го освои Светското првенство со Португалија, Мартинез нема да остане на селекторската функција.
Последните информации велат дека Роберто Мартинез почнал преговори со Ал Наср за да биде нивниот следен тренер.
Ваквите гласини наидоа и на негативни реакции кај фановите на Португалија кои сега сметаат дека ова е причината поради која Роналдо постојано е на теренот.
Мартинез ќе добие богат договор во клубот каде што Роналдо го има главниот збор.