Познати составите за дербито меѓу Англија и Хрватска во Тексас (ФОТО)

Вечерва од 22 часот ќе се соочат Англија и Хрватска во групата Л на Светското првенство (СП), а селекторите Томас Тухел и Златко Далиќ ги објавија составите.

Селекторите на двете екипи решија да направат неколку промени, па вечерва ќе се обидат да стигнат до посакуван резултат на теренот.

Англија ќе тргне со Пикфорд, Конса, О’Рајли, Рајс, Стонс, Андерсон, Кејн, Белингам, Гордон, Мадуеке и Џејмс.

За Хрватска ќе настапат Ливаковиќ, Станишиќ, Гвардиол, Шутало, Модриќ, Перишиќ, Пашалиќ, Батурина, Сучиќ, Вушковиќ и Муса.

Фото: Facebook/England football team