Барса не се откажува - ќе испрати нова, многу побогата понуда за Алварез
Медиумите во оваа шпанска покраина, кои се традиционално блиски до Барселона, тврдат дека наскоро Барса ќе испрати понуда од 135 милиони евра, плус бонуси за напаѓачот на Атлетико. Ова е изненадување бидејќи Жоан Лапорта и Деко минатата недела изјавуваа дека немаат намера да се натпреваруваат со Реал и нема да ја зголемат првичната понуда која изнесуваше 120 милиони евра. За очекување е Атлетико повторно да ја одбие Барселона поради што се чека мислењето на Алварез.
Ако напаѓачот побара трансфер, многу веројатно ќе добие дозвола да си замине и покрај противењето на раководството на клубот, а пред се поради филозофијата на Диего Симеоне да не задржува во тимот фудбалери кои не се задоволни.