Неверојатна животна приказна: Од банкар до херој против Шпанија!

Зеленортските острови денеска станаа сензација во светот, откако успеаја да ѝ одолеат на Шпанија и да одиграат нерешено (0-0) во првото коло на Светското првенство (СП), а еден од репрезентативците имал необичен пат до Мундијалот.

Роберто Лопез Пико добил повик во репрезентацијата преку социјалните мрежи, и тоа додека работел како банкар во Даблин, а сега успеа со Зеленортските острови да направи сензација против Шпанија.

„Не уживав во работата“, кажал 33-годишниот Лопез за својот живот како банкар, но затоа како дефанзивец во моментов е една од главните ѕвезди на СП.

Додека работел во банка, тој играл и за Бохемијанс во ирската лига, но потоа во 2017 година добил повик од Шамрок роверс кој му го променил животот. Екипата го повикала да ја напушти работата и да се посвети професионално на спортот, а неговата одлука се покажала како вистинска.

Лопез дебитирал за Зеленортските острови во 2019 година, и тоа кога селекторот Руи Агуас го контактирал преку социјалните мрежи, откако открил дека неговиот татко е роден во земјата.

„Мислев дека е лага и не посветував внимание. А девет месеци подоцна, добив нова порака со прашање: Поздрав Роберто, дали размисли за тоа што ти го понудив? Ми беше непријатно што не сум одговарал со месеци. Сепак, понудата ме воодушеви и одговорив дека сакам да бидам дел од репрезентацијата“, раскажува Лопез.

Зеленортските острови, освен со Шпанија, ќе играат и со Саудиска Арабија и Уругвај.