Клоп разочаран од воведниот натпревар на Мундијалот (ВИДЕО)
Германецот кажа дека натпреварот бил „тактички лош“ и под нивото кое се очекува на најголемата фудбалска сцена. Тој воопшто не го криеше разочарувањето од сцените на теренот на култниот стадион во Мексико Сити.
„Тактички, ова беше навистина лошо. Едноставно не е добро ниту од едната, ниту од другата екипа. Играш 11 на 9 и дозволуваш контра-напад. Зошто? Затоа што дефанзивната линија стоеше премногу длабоко. Тоа беше проблем во текот на цел натпревар, а Јужна Африка не го искористи“, кажа Клоп.