Парагвај ја има новата Лариса Рикелме: Од ѕидарка до секс-симбол на СП 2026 (ВИДЕО)
Парагвајската инфлуенсерка Марисол Олмедо, попозната како „Ла Мадрина“, сè почесто се споменува како природна наследничка на легендарната Лариса Рикелме, која стана светски хит за време на Мундијалот во 2010 година. Манекенката и претприемачка веќе пристигна во САД, каде што од трибините ќе ја бодри репрезентацијата на Парагвај на СП 2026.
„Многу ми годи што сум препознатлива и надвор од мојата земја. Сакам да бидам тоа што сум и напорно работев за да стигнам до ова ниво“, изјави Олмедо.
Нејзината животна приказна е необична – пред да стане позната на социјалните мрежи и во светот на моделингот, таа работела како градежен работник (ѕидарка), а денес е една од најпопуларните инфлуенсерки во Парагвај, кој ќе настапи во групата со домаќинот САД, Австралија и Турција.