Американска телевизија урнебесно објасни што значат црвените картони во фудбалот (ФОТО)

Одржувањето на Светското првенство (СП) во фудбал во САД како главен коорганизатор заедно со Мексико и Канада со години наназад предизвикува зачуденост, која особено се зголеми по вчерашниот старт на Мундијалот најмногу што во оваа држава „сокерот“ е на дното на интересот на спортските вљубеници.

Доказ за тоа е начинот на кој една од американските телевизии ги објаснуваше случувањата на теренот на средбата помеѓу Мексико и Јужна Африка (2-0), особено делот со црвените картони. Првото исклучување на Африканците донесе објаснување дека тимот „останал со 10 играчи во поле“, но голема збунетост донесе вториот црвен во овој тим. Американците тоа го испратија со цел реферат, кој во најмала рака е смешен за тие што дури и површно го следат овој спорт.

„Играњето со 9 фудбалери значи дека двајца од тимот се отстранети, односно добиле црвени картони и повеќе нема да може да играат на оваа средба. Како резултат на тоа, Јужна Африка мора да игра со девет играчи на теренот“, пишуваше на кајронот на американската телевизија

Последната реченица, пак, предизвика најмногу смеење.

„Ова е голем проблем за Јужна Африка, која сега ќе има големи проблеми да победи на средбата“, напишаа Американците.

Доказ за лошиот интерес уште од стартот на СП 2026 е и фактот што трибините на средбата помеѓу Јужна Корена и Чешка (2-0) беа полупразни.