Реал Мадрид потпиша нов договор вреден пола милијарда евра!

Авиокомпанијата „Емирејтс“, со седиште во Дубаи, го продолжи спонзорскиот договор со Реал Мадрид за уште пет години, односно до 2031 година.

Информацијата ја потврдија „кралевите“ преку своите официјални канали.

„Реал Мадрид и Емирејтс го обновија партнерството, така што најголемата светска авиокомпанија ќе остане главен спонзор на нашиот клуб до 2031 година“, соопшти мадридскиот гигант.

Во соопштението не се наведува вредноста на договорот, но шпанскиот дневен весник „АС“ пренесува дека станува збор за околу 100 милиони евра по сезона.

„Емирејтс“ станаа спонзор на Реал Мадрид во 2011 година, а главен спонзор на клубот се од 2013 година. Логото на компанијата се наоѓа на дресовите на фудбалерите и кошаркарите на Реал Мадрид.