Навивач на Њујорк за поразот од Спарс го обвини - Трамп! (ВИДЕО)

Екипата на Њујорк изминатата вечер загуби од Сан Антонио во финалната серија со 115-111 и на тој начин Спарс намалија на 2-1, а еден навивач како една од причините го гледа присуството на Доналд Трамп на трибините

Со овој пораз беше прекината импресивната низа на Никс од 13 последователни победи во плејофот, што претставуваше втора најдолга победнички серија во историјата на НБА доигрувањето.

„Не велам дека Трамп е виновен за поразот, но немаше потреба вниманието да се насочува кон тоа. Требаше да бидеме фокусирани на натпреварот и на поддршката за тимот“, изјави навивачот Тејлор Перлматер.

Инаку, американскиот претседател беше „уловен“ и во една необична сцена од која можеше да се забележи дека веројатно не му беше толку интересно што се случува на теренот.