Јувентус ќе купува голман од Премиер лигата - има две опции
Прв пик е голманот на Астон Вила и на аргентинската репрезентација, Емилијано Мартинез.
Тој има договор со Астон Вила до 2029 година, па многу работи околу овој трансфер зависат и од англискиот клуб.
Наводно веќе се почнати првични разговори, сепак не се знае во кој правец ќе одат преговорите.
Како втора опција се споменува голманот на Тотнем, Викарио. Но, евентуалната мисија за негов ангажман би се активирала само ако би пропаднале преговорите со Мартинез.