Ако сакате дрес од симпатичните дебитанти на Мундијалот – тешко ќе најдете!

Фудбалската репрезентација на Курасао стана вистинска светска сензација откако за првпат во својата историја обезбеди пласман на Светското првенство

Оваа карипска држава со околу 150.000 жители за кратко време го привлече вниманието на светската јавност, а голема улога во популарноста имаа и социјалните мрежи.

Техничкиот спонзор „Адидас“ соопшти дека се распродадени сите произведени дресови на националниот тим, а особено внимание привлекла резервната гарнитура во пастелно жолта боја, која исто така е распродадена.

Според љубителите на фудбалската опрема, дизајнот на овој дрес потсетува на ретро изданијата што се носеа на мундијалите во текот на 80-тите години од минатиот век.

Курасао на претстојното Светско првенство ќе настапи во групата „Е“, каде за противници ќе ги има селекциите на Германија, Брегот на Слоновата Коска и Еквадор.

Инаку, оваа репрезентација стана хит со пристигнувањето на Мундијалот со школски автобус - ТУКА.

Фото: thebluewaveffk/Instagram