Централниот терен во „Куќата на фудбалот“ по 12 години доби нов изглед (ВИДЕО)

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ објави дека по 12 години централниот терен во комплексот „Куќа на фудбалот“ добил нов изглед.

Омерагиќ информира дека е поставена целосно нова тревна површина, односно поставени се нови тревни бусени и обновена е дренажата.

„После 12 години, централниот терен во комплексот “Куќа на фудбалот” е со комплетно нова тревна површина. Нови тревни бусени, обновена дренажа и нов систем за наводнување. Претходно целосно го реконструиравме и теренот број 1. Лека-полека, работите си доаѓаат на свое место. Денес овде, утре и на други стадиони низ Македонија“, објави Омерагиќ.