Најмладите репрезентации на Мундијалот, афричка селекција е на врвот
Според податоците, просечната возраст на оваа репрезентација е 25,35 години, што ја става на врвот на листата како најмлади учесници на Мундијалот.
Зад неа се наоѓа Еквадор со просек од 25,58 години, додека Босна и Херцеговина и Мароко имаат идентична просечна возраст од 25,92 години.
Следуваат Тунис со 26,15, Шпанија со 26,19, како и Јужна Африка и Норвешка со по 26,35 години. На листата се и САД и Гана, чии репрезентации имаат просек од 26,42 години.
Мундијалот во САД, Канада и Мексико како што е познато почнува на 11 јуни со дуелот меѓу Мексико и Јужна Африка од 21:00 часот и ќе се игра до 19 јули за кога е закажано финалето.