Македонски навивачи уапсени во Хрватска - лепеле налепници по сообраќајни знаци!

Тројца македонски навивачи биле уапсени од хрватската полиција, откако биле забележани како лепат налепници по сообраќајни знаци во селото Цавтат.

Полициските службеници, по претходно добиени пријави, утврдиле дека на подрачје на Цавтат биле залепени различни налепници со кирилична содржина на сообраќајни знаци, контејнери за отпад и информативни табли.

Двајца од навивачите биле пронајдени во текот на денот по пријавите, додека третото осомничено лице било уапсено наредниот ден.

Лицата биле на возраст од 23, 25 и 26 години, а имале дозвола за престој во Хрватска и против нив е поднесена кривична пријава.