ЕХФ отвори истрага поради расистички навреди во финалето во Охрид (ВИДЕО)

Ракометарите на Охрид ја нокаутираа Татабања и го освои Европскиот куп на ЕХФ, но Европската ракометна федерација најави истрага поради случувањата во салата „Билјанини извори“ за време на реваншот од финалето во натпреварувањето.

Ракометарот на Татабања, Баптист Даматрин ја обвини публиката дека го навредувала расистички, по што ЕХФ реши да отвори истрага за случувањата во Охрид.

„ЕХФ е свесна за инцидентот во финалето одиграно во неделата меѓу Охрид и Татабања, при што имаше расистички анвреди од публиката упатени кон Даматрин. ЕХФ уште еднаш повторува дека нема место за расизам во европскиот ракомет. Таквото однесување кон ракометари, судии и навивачи нема да биде толерирано. Поради тоа ЕХФ реши да отвори истрага за да утврди дали постои основа за официјална правна постапка“, соопштија од ЕХФ.