Шок на Ролан Гарос: Ѓоковиќ прокоцка предност од 2-0 во сетови и загуби од Фонсека
Ѓоковиќ направи брејк на почетокот на натпреварот (1-0), а потоа му го одзема сервисот на ривалот и во петтиот гем (4-1), но Фонсека набрзо врати еден брејк, меѓутоа го загуби сетот со 4-6.
Србинот го реши вториот сет со еден брејк во петтиот гем (3-2), по што Бразилецот имаше шанса да ја врати неизвесноста, но не искористи брејк-топка во осмиот гем, а Ѓоковиќ на крајот славеше со 6-4.
Кога сите помислија дека сè е готово, тогаш почнаа проблемите за Ѓоковиќ и тоа знаеше да го искористи младиот и талентиран Бразилец, кој ги доби следните два сетови со 6-3 и 7-5.
Голема борба се водеше во последниот сет, а Ѓоковиќ прв направи брејк за предност од 3-1, но Фонсека веднаш возврати и израмни на 3-3. Бразилецот во продолжение успеа да го преземе водството и на крајот да го шокира Србинот со 7-5.