Ни Шпанија, ни Италија: Гвардиола открил кого сака да води откако ќе се одмори

Пеп Гвардиола им признал на свои блиски дека би сакал да стане селектор на Англија во одреден момент доколку му се даде шанса.

Трофејниот Шпанец помина 10 години на „Етихад“ како менаџер на Манчестер Сити и за време освои 20 трофеи: шест титули во лигата, триумф во Лигата на шампионите, три трофеи од ФА Купот, пет Лига Купови, три Комјунити Шилдс и по еден во Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство.

Неколку новинари блиски до Гвардиола веќе објавија дека е малку веројатно дека ќе се врати на работа во клуб и дека неговите намери се повеќе да преземе репрезентација по заслужениот одмор кој сака да го земе. Според „Дејли Меил“, тој признал дека репрезентацијата на Англија би била најатрактивната идна професионална обврска за него.

„Не мислам дека ќе го гледаме како менаџер на клуб иако има тенденција доста брзо да се предомисли. Им кажал на пријателите дека би сакал да биде селектор на Англија во иднина, па ако работите одат по негова корист, тоа би било нешто на што треба да се внимава“, вели новинарот на „Дејли меил“, Џек Коган.

Минатиот месец, во италијанските медиуми се појавија извештаи дека локалната федерација ќе се обиде да го убеди Пеп да ги преземе „аѕурите“, но очигледно тоа не е доволно атрактивна можност за него. Од друга страна, години наназад се шпекулира дека кариерата би ја завршил како селектор на Шпанија, но тоа е исклучително тешко поради политиката на националната Федерација.