Не е само Мегваер, Тухел дома ќе остави уште две ѕвезди

Англискиот селектор Томас Тухел утре ќе го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета на претсојното Светското првенство, а во јавноста веќе се појавија информации околу тоа кој ќе биде на него.

Хари Мегваер веќе самиот потврди дека нема да биде на него тврдејќи дека е изненаден од таквата одлука, но покрај него и уште двајца фудбалери кои досега беа стандардни нема да бидат дел од составот.

Станува збор за Фил Фоден и Лук Шо. Фоден во дресот на Англија одигра 49 натпревари и за репрезентацијата настапува од 2020 година.

Шо од друга страна од 2014 година до денес собра 34 натпревари, најчесто отсуствуваше поради повреди. Истовремено за многумина е изненадување бидејќи според најавите Ајван Тони кој игра во Саудиска Арабија ќе биде на списокот, како и Нони Мадуеке кој нема преголема улога во Арсенал.

Списокот на Англија Тухел треба да го убави утре наутро, според коефициентите на обложувалниците, „Гордиот Албион“ на Мундијалот важи за еден од фаворитите.

Фото: The FA