Кузмановски се сели во Кувајт - ќе игра во азиската ЛШ!

Репрезентативецот на Македонија и ракометар на Пелистер, Филип Кузмановски ќе игра за Кувајт Сити во 28. Издание на Азиската Лига на шампиони, кое е закажано да се одржи од 6 до 15 јуни во спортскиот комплекс „Шеик Саад Ал-Абдула“.

Македонскиот ракометар стана четврти странски играч кој ќе настапи за Кувајт на силниот турнир, откако тимот веќе се договори со Катарецот Франкис Марзо, Црногорецот Владан Липовина и португалскиот интернационалец Виктор Итуриза.

Ждрепката за турнирот го смести домаќинот Кувајт Клуб во групата Б заедно со Ал-Најма од Бахреин, Ал-Калејџ од Саудиска Арабија и Ал-Араби од Катар, односно една од најтешките групи на натпреварувањето.

На турнирот ќе настапи и Дмитро Хориха, кој пред да се пресели во ПИК Сегед, ќе го носи дресот на Ал Калеј.