Неверојатно сценарио во Англија: Премиер лигата може да добие дополнителен меч

Премиер лигата би можела да добие една од најлудите завршници во последните години, затоа што две екипи можат да завршат целосно израмнети, и тоа во борбата за пласман во Лигата на шампиони (ЛШ).

Ливерпул во моментов има 59 бодови и гол-разлика +10, додека Борнмут има три поени помалку и гол-разлика +4. Но ако Бормут слави во последното коло над Нотингем Форест со 5-0, а Ливерпул изгуби од Брентфорд со 0-1, тогаш двете екипи би биле целосно израмнети.

Тоа би можело да отвори неверојатна можност за дополнителен натпревар за пласман во Европа. Премиер лигата, во таков случај, ќе треба да организира дуел меѓу двете екипи кој ќе одлучува кој би се пласирал во елитното натпреварување.

Ова би бил историски момент за Бормут, кој игра една од најдобрите сезони во историјата и обезбеди излез во Европа, а од друга страна Ливерпул би можел да се соочи со катастрофа.

Standings provided by Sofascore

Фото: Facebook/FC Liverpool