Елмас може да заврши во Премиер лигата, го сака и клуб кој ќе игра ЛШ!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас најверојатно нема да остане во Наполи и по истекот на позајмицата ќе се врати во Лајпциг, сепак не се очекува да остане во Германија.

Според информациите на „Тутомеркато“ екипите на Сандерленд и Астон вила покажале интерес за ангажман на македонскиот „дијасмант“.

Како посериозна опција се споменува Астон вила која ќе игра и во Лигата на шампионите. Тимот на Емери сезонава се бори и за трофеј бидејќи утре ќе го игра финалето во Лигата на Европа. Сандерленд од друга страна сезона е десетти и се бори за место во Европа.

Елмас во дресот на Наполи во два мандати вкупно запиша 232 настапи, а иако во последната сезона одигра солидно под водство на Конте сепак клубот не се договори со Лајпциг за откуп на неговиот договор.

Фото: SSC Napoli