Арсенал го реши Барнли и е на чекор до титула во Премиер лигата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Арсенал триумфираа против Барнли со 1-0 на „Емирати“ и се доближија до титулата во Премиер лигата.

„Топчиите“ тргнаа агресивно од самиот старт, а до водство стигнаа во 37. минута кога Каи Хаверц погоди со глава за предност од 1-0.

Езе имаше одлична шанса во 54. минута, но неговиот удар ја погоди конструкцијата од голот, по што Арсенал го зачува водството до крајот на мечот.

Арсенал е лидер со 82 бодови, односно пет поени повеќе од Манчестер сити кој има одиграно еден меч помалку од ривалот.

Фото: Facebook/Arsenal