Голем навивачки караван в петок: Комити го мобилизираат цело Скопје!

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ја обезбеди титулата на едно коло пред крајот, а неговите најверни навивачи Комити го мобилизираат цело Скопје за голем караван низ градските улици в петок.

Комити ја почнаа мобилизацијата и повикаа на голем караван в петок од 19.30 часот, а истиот ќе почне од последна 5ка во Ново Лисиче.

„НА ПОБЕДИТЕ НА ГРУПАТА - ЈА ПОСВЕТУВАМЕ ТИТУЛАТА! Мобилизацијата започна. Од денес па до Сабота, секој ден, секоја минута! ОЛЕМ КОМИТСКИ КАРАВАН НИЗ УЛИЦИТЕ СКОПСКИ - ПЕТОК (22.05.2026) Собир: 19:30ч Последна 5ка Ново Лисиче. Кола, мотор, велосипед - да славиме заедно дојде ред! Информации на натпреварот подетално наскоро“, соопштија Комити.

Вардар последниот меч во сезоната го игра против Шкендија в недела од 17 часот.