Крај на една ера: Гвардиола по 10 години го напушта Манчестер сити

Пеп Гвардиола на крајот на оваа сезона ќе го напушти Манчестер сити по 10 години поминати во гигантот, а веста ја објави „Дејли Мејл“.

Од почетокот на сезоната често се шпекулираше за иднината на Гвардиола во Манчестер, но очигледно веќе е донесена конечна одлука, иако сè уште се очекува официјална потврда од тренерот и неговиот клуб.

Мандатот на Гвардиола треба да заврши по натпреварот против Астон вила, кој се игра во последното коло од Премиер лигата.

Гвардиола за време на престојот кај „граѓаните“ успеа да освои 20 пехари, а оваа сезона до крајот ќе се бори и за трофејот во Премиер лигата против Арсенал.

Фото: Facebook/Manchester City