Дортмунд ќе ја наполни касата на Ц. Звезда - нуди 25 милиони евра за фудбалер!

Борусија Дортмунд планира реконструкција на тимот за следната сезона, а една од главните цели на бундеслигашот е Василије Костов од Црвена Звезда.

„Скај Спортс“ објави дека Дортмунд ќе се вклучи во трката за Костов и трансферот би можел да достигне вредност од 25 милиони евра.

Планот на Дортмунд е да се врати на политиката на ангажирање млади фудбалери, со вокус на развој и заработка преку трансфери во иднина.

Костов оваа сезона настапи на 46 натпревари за „црвено-белите“, а притоа постигна 14 голови и седум асистенции.