УЕФА и Перез подготвуваат револуција: Европскиот фудбал ќе биде бесплатен за сите
Двете страни разговараат за модернизација на европскиот фудбал, а наводно Перез предлага платформа која треба да понуди бесплатни преноси на натпреварите на Лигата на шампиони (ЛШ), Лига Европа и Конференциската лига.
Меѓутоа, плановите на УЕФА и Реал Мадрид се во спротивност со интересите на големите оператори кои ги имаат аудио-визуелните права.
„Ако фудбалот стане достапен на сите, тоа би го загрозило телевизиското функционирање на големите телекомуникациски компании“, велат тие.
За голем дел од операторите најпрофитабилни се корисниците кои следат фудбал и договараат т.н. „премиум пакети“, а заработката би им се намалила доколку се формира платформа каде ќе може бесплатно да се гледаат натпреварите.