Вардар ги дозна сите можни ривали во квалификациите за ЛШ
Последните дилеми беа отстранети околу шампионите на Романија и Ерменија, а откако се расчистија работите и таму листата на противници на Вардар е целосна.
МОЖНИ РИВАЛИ НА ВАРДАР: Шамрок Роверс (Ирска), КУПС (Финска), Дрита (Косово), Линколн Ред Импс (Гибралтар), Борац Бања Лука (БиХ), Викингур (Исланд), Каират Алмати (Казахстан), Крајова (Романија), Рига (Летонија), КИ Клаксвик (Фарски Острови), Флора Талин (Естонија), Ларне (Северна Ирска), Петрокуб (Молдавија), ТНС (Велс).
Последен пат Вардар во квалификациите за Лигата на шампионите играше во 2017 година кога по елиминацијата во третото квалификациско коло од Копенхаген продолжи во плеј-офот за Лига Европа и успеа двапати да го победи Фенербахче за место во групната фаза.
Минатата година „црвено-црните“ беа дел од квалификациите за Конференциската лига каде што ги запре Лозана во второто коло.
Првите натпревари на програмата се на 7/јули, а реваншит 14/15 јули, додека ждрепката е закажана за 16 јуни.