Историска можност за Синер - има шанса да собори еден многу важен рекорд на Ѓоковиќ
Во мечот за трофејот ќе се сретнат убедливо најдобриот светски тенисер во моментов Јаник Синер и Каспер Руд. Освен тоа што станува збор за финале на силен турнир, денешниот натпревар може да биде историски за тенисот.
Италијанецот има шанса со победа да ги обедини титулите на сите Мастерс турнири и со тоа да му се придружи на Новак Ѓоковиќ кој досега е единствен кому му успеало тоа. Разликата е во тоа што Синер ќе го направи тоа со само 24 години, додека српскиот ас ги комплетира трофеите на 31-годишна возраст.
Во блиска иднина само Карлос Алкараз би можел да го собори евентуалниот рекорд на Синер, но нему му требаат титули во Синсинати, Шангај, Париз и Торино.