Левандовски си оди, а Барселона донесе одлука што ќе прави со Рашфорд
Англискиот репрезентативец блескаше во неколку наврати оваа сезона и, според шпанските медиуми, Флик дефинитивно одлучил дека сака да го има во тимот следната кампања и дека клубот мора да направи сè за да се случи тоа. Познато е дека Барселона има опција да го откупи договорот на Рашфорд од Јунајтед за 30 милиони евра, но „каталонците“ не се баш расположени да трошат толку пари.
Барселона се обидува да преговара за нов едногодишен договор за позајмица со Јунајтед, што сигурно нема да биде лесно бидејќи „црвените ѓаволи“ сакаат да го продадат. Сепак, она што ѝ оди во прилог е дека Рашфорд исто така навистина сака да остане во Барселона, особено откако Флик јасно стави до знаење дека смета на него следната сезона.
Рашфорд досега одигра 48 натпревари за Барселона оваа сезона, постигнувајќи 14 гола и исто толку асистенции.