Порно глумица му вети жежок секс на Сафонов – доби урнебесен одговор од неговата сопруга!
Рускиот чувар на мрежата се најде во центарот на вниманието откако популарна руска актерка од филмови за возрасни, Мери Рок, јавно му вети „страсна ноќ“ за секоја одбрана што ќе ја запише во големото финале. Објавата експресно стана вирална, а додека Сафонов не се огласи, во центарот на вниманието се најде неговата сопруга Марина Кондратјук, која со духовит одговор ја насмеа јавноста.
„Актерка од филмови за возрасни му посака среќа на мојот сопруг и му вети страсна ноќ за секоја одбрана. Кутрата, нема поим дека за него ‘страсни вечери’ значат решавање крстозбори, гледање ТВ-квизови и легнување во 23.30 часот, зашто следниот ден мора рано да стане за тренинг“, напиша Марина.

Нејзината реакција веднаш стана хит на социјалните мрежи и дополнително го насочи вниманието кон Сафонов, кој игра во одлична форма откако пристигна во француската престолнина. Русинот блескаше и на последниот меч против Ланс, каде беше прогласен за играч на натпреварот. Иако првично пристигна како алтернатива, успеа да го истисне Лукас Шевалие и да стане прв избор на голот на парижани.