Нагелсман го убедил Ноер да брани на Мундијалот?

Иако се повлече од репрезентацијата по Европското првенство пред две години, Мануел Ноер повторно би можел да застане на голот на Германија на претстојното Светско првенство. 

Искусниот чувар на мрежата на Баерн Минхен се најде на поширокиот список од 55 фудбалери кој го објави Нагелсман.

Наводно, германскиот селектор веќе имал и директен разговор со Ноер околу можноста за негов камбек во националниот тим. Конечниот список на играчи што ќе патуваат на Мундијалот треба да биде објавен следниот четврток.

Ноер зад себе има 124 настапи во дресот на Германија и беше дел од генерацијата што ја освои светската титула во 2014 година. И покрај тоа што веќе има 40 години, голманот и натаму прикажува сигурни настапи во дресот на Баерн.

Дополнителна причина за можниот пресврт се и проблемите со повредите на Марк-Андре Тер Штеген.

Фото: FC Bayern München