Македонија до 16 години поразена на пенали од Црна Гора

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години загуби на пенали од Црна Гора на првиот меч на турнирот „Миљан Миљаниќ“ во Србија, откако во регуларниот дел беше 2-2.

Никола Вукоје погоди за Црна Гора во 19. минута, а набрзо Марин Крстевски по соло-акција израмни на 1-1.

Лука Вушуровиќ ја врати предноста на Црна Гора во 51. минута, а Михајло Павлов од пенал во 87. минута погоди за 2-2.

Црна Гора во пенал-серијата беше поуспешна од Македонија со 4-2.