ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ: ВИДЕОЛОТАРИЈА СО 4.350.000 ДЕНАРИ ГО РЕКОНСТРУИРАШЕ 24-ТОТО ИГРАЛИШТЕ ВО МАКЕДОНИЈА
Како општествено одговорна компанија, Видеолотарија Касинос Австрија континуирано инвестира во проекти што создаваат подобри услови за младите и локалната заедница. Спортот е двигател на позитивни промени, тој учи на дисциплина, тимска работа, почит и истрајност, вредности кои се важни и на теренот и во секојдневниот живот.
Со задоволство споделуваме со јавноста дека со донации од над милион евра, овозможивме функционалност на 24 игралишта низ Македонија, со што придонесуваме за општествениот развој и унапредување на животот на луѓето во нашата земја.
Најновото мултифункционално игралиште во село Банско, општина Струмица, е целосно реконструирано и опремено за ракомет, фудбал, кошарка и одбојка. Поставени се нова подлога и нова заштитна ограда, а обезбедени се и сите потребни спортски реквизити, со цел да се поттикнат спортските активности, рекреацијата и здравите навики кај младите и жителите од заедницата.
Градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, изрази благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија за донацијата и успешната соработка, потенцирајќи дека ваквите проекти имаат значајна улога во развојот на спортската инфраструктура и создавањето подобри услови за младите.
Видеолотарија Касинос Австрија и во иднина ќе продолжи одговорно да ја реализира својата мисија, создавање современи зони за спорт, игра и рекреација низ целата земја. Преку оваа стратегија, компанијата активно придонесува кон развојот на спортскиот дух, промоцијата на здрави животни навики и унапредувањето на квалитетот на живот на граѓаните.