Флик направи чудо: Барса освои пет пехари, а потроши само 87 милиони евра!

Германскиот тренер Ханси Флик оваа сезона повторно стигна до титулата во Ла Лига со Барселона, па така каталонскиот гигант под негово водство освои пет пехари.

Интересно е тоа што Барселона под водство на Флик потроши само 87 милиони евра на засилувања, а притоа успеа да освои пет трофеи, иако неговите ривали трошеа многу повеќе пари.

За споредба, Реал Мадрид потроши 217 милиони евра во истиот период, а освои само една титула, додека Атлетико Мадрид инвестира неверојатни 418 милиони евра, а не освои ниту еден пехар.

Фото: Facebook/FC Barcelona