Шчесни славеше титула со Барселона и го „пецна“ Арсенал! (ВИДЕО)

Барселона во текот на вчерашниот ден ја славеше освоената титула во Ла Лига која за каталонскиот гигант е втора во низа, а внимание од прославата привлече и полскиот голман Војчех Шчесни.

Во разговор со својот сонародник, Роберт Левандовски, Шчесни потенцираше дека со Барселона во две сезони има две титули.

„Мојата успешност во освојување шампионски титули со Барселона е 100 проценти. Освоив две од можни две. Твојата успешност, Леви, е 75 проценти“, изјави Шчесни, но Левандовски не му остана должен.

„Со Баерн мојата беше 100 проценти“, возврати напаѓачот на Барселона.

Тука Шчесни одлучи да го спомене Арсенал каде што немаше премногу успех кога се трофеите во прашање. 

„И мојата со Арсенал беше 100 проценти... ама во неосвојување титули“, порача Шчесни.

Ваквиот коментар секако не им се допадна на фановите на Арсенал кои во коментари го потсетија дека сезонава Арсенал е блиску до освојување на титулата во Премиер лигата и ќе игра финале во Лигата на шампионите.