Жив е сонот на Нејмар за место на Мундијалот, Анчелоти му даде надеж!

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти го објави поширокиот список од 55 фудбалери за Светското првенство и на него се најде Нејмар.

Нејмар не ја крие желбата да настапи на Светското првенство и неколку пати јавно зборуваше на таа тема, а доби и поддршка од дел од легендите на Бразил.

Сега, иако претходно за него немаше место на последните натпревари, сепак ќе се надева до објавувањето на конечниот список дека може да биде во составот.

Инаку, Нејмар иако беше повреден се врати во одлична форма, а постигна и гол во триумфот на Сантос над Ред Бул Брангантино во последниот натпревар.

ГОЛМАНИ:
Алисон (Ливерпул)
Едерсон (Фенербахче)
Бенто (Ал-Наср)
Уго Соуза (Коринтијанс)
Жон ( Н.Форест)
Карлос Мигел (Палмеирас)

ОДБРАНА:
Маркињос (ПСЖ)
Тијаго Силва (Порто)
Габријел Магалјаеш (Арсенал)
Бремер (Јувентус)
Лео Переира (Фламенго)
Ибањез (Ал-Ахли)
Александро (Лил)
Фабрицио Бруно (Крузеиро)
Бералдо (ПСЖ)
Витор Реис (Џирона)
Муриљо (Нотингем Форест)
Весли (Рома)
Данило (Фламенго)
Пауло Енрике (Васко)
Витинјо (Ботафого)
Алекс Сандро (Фламенго)
Даглас Сантос (Зенит)
Лусијано Жуба (Баиа)
Каио Енрике (Монако)
Каики (Крузеиро)
Карлос Аугусто (Интер)

СРЕДЕН РЕД:
Касемиро (Јунајтед)
Бруно Гимараеш (Њукасл)
Фабињо (Ал-Итихад)
Андреј Сантос (Челси)
Данило (Ботафого)
Лукас Пакета (Фламенго)
Габријел Сара (Галатасарај)
Жоао Гомес (Вулверхемптон)
Андреас Переира (Палмеирас)
Жоелинтон (Њукасл)
Жерсон (Крузеиро)
Матеус Переира (Крузеиро)

НАПАД:
Винисиус Жуниор (Реал Мадрид)
Рафиња (Барселона)
Матеус Куња (Јунајтед)
Луис Енрике (Зенит)
Габријел Мартинели (Арсенал)
Жоао Педро (Челси)
Естевао (Челси)
Нејмар (Сантос)
Ендрик (Лион)
Рајан (Борнмут)
Антони (Реал Бетис)
Игор Тијаго (Брентфорд)
Педро (Фламенго)
Ришарлисон (Тотенхем)
Игор Жезус (Н. Форест)
Каио Жорже (Крузеиро)

Фото: Santos FC